Вашиот партнер во градежништвото


Партнерство засновано на доверба, прецизност и безвременски квалитет.

За нас

Ние сме мала, посветена компанија која се занимава со проектирање, со посебен фокус на геотехничко проектирање. Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни, сигурни и прецизни решенија прилагодени на потребите на секој клиент.

Како високо квалификувани професионалци со долгогодишно искуство во областа на геотехниката и градежното проектирање, активно сме вклучени во сите фази на проектот — од анализа и концепт до финално решение.

Веруваме дека секој проект е уникатен и затоа му пристапуваме со голема посветеност и внимание на деталите. Наш приоритет се сигурни, ефикасни и економично оправдани геотехнички решенија кои ги исполнуваат и надминуваат очекувањата на нашите клиенти.

Услуги кои ги нудиме

Го комбинираме знаењето, креативноста и технологијата за да понудиме услуги кои прават разлика. Нашиот тим е тука да ја претвори вашата идеја во реалност.

Геотехничко проектирање

  • Заштита и одводнување на градежни јами
  • Заштитни објекти и потпорни конструкции
  • Механички стабилизирани насипи и армирани земји
  • Санација и мониторинг на свлечишта
  • Пресметка на стабилност на косини, санација и заштита
  • Фундирање и подобрување на носивоста на подлогата
  • Проектантски надзор
  • Консултантски услуги

Градежни конструкции

  • Индивидуални станбени објекти и згради
  • Челични конструкции
  • Проектантски надзор
  • Консултантски услуги

Истражни работи и геотехничка оператива

  • Геотехничко истражно бушење
  • Лабораториски испитувања
  • Геотехнички елаборати
  • Изведба на бунари за експлоатација на подземна вода
  • Консултантски услуги

НАСКОРО

Зошто да нѐ изберете нас?

Искуство и ескпертиза

Нашиот тим се состои од професионалци со различни вештини и експертизи, што ни овозможува да ги разбереме специфичните потреби на секој клиент и да понудиме вистински, проверени решенија.

Брза и ефикасна испорака

Го цениме вашето време и знаеме колку е важно проектите да се реализираат навреме. Затоа работиме со јасно дефинирани процеси, добра организација и фокус на продуктивност.

Транспарентна соработка

Во текот на целата соработка, ги информираме нашите клиенти за секој чекор, обезбедуваме јасни извештаи и активно ги вклучуваме во процесот. Така градиме доверба и долгорочни партнерства засновани на почит и разбирливост.

Проекти

Нашите проекти се резултат на внимателно планирање, креативно размислување и посветена работа. Секој проект претставува уникатно решение креирано со цел да донесе вредност и видливи резултати

Подготвени сте за следниот чекор? Дозволете ни да ја претвориме вашата визија во реалност! Разгледајте ги нашите услуги и контактирајте нè денес за консултација.

Нашиот тим

Нашиот тим го сочинуваат високообразовани и посветени инженери со повеќе од една деценија искуство во геотехниката и проектирањето на градежни конструкции. Нивната експертиза е изграденa преку учество во бројни значајни инфраструктурни и инженерски проекти, каде што квалитетот, прецизноста и професионалниот пристап се секогаш на прво место.

Во срцето на нашата работа стои ентузијазмот – веруваме дека секој проект претставува нова можност да создадеме подобро, побезбедно и поодржливо решение. Нашите инженери постојано ја надградуваат својата стручност и ги следат најновите стандарди и технологии, со цел да го испорачаме највисокиот можен квалитет.

Горди сме на тим кој верува во својата работа, ја цени одговорноста и секогаш го дава максимумот. Токму оваа комбинација на знаење, искуство и ентузијазам нè прави сигурен партнер во секој проект.

Нашата работа во бројки

Погледнете ги фактите кои најдобро ја покажуваат нашата работа и влијанието што го создаваме.

Години на пазарот

+1

Завршени проекти

+35

Остварени соработки

+21

Контакт

Отворени сме за соработка, дозволете ни да бидеме вашиот партнер до успехот. Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи.